Официјално: Агуеро претставен како нов играч на Барселона

Барселона и официјално го комплетира ангажманот на Серхио Агуеро, со кого потпиша до јуни 2023 година. Аргентинскиот напаѓач е првото засилување на Каталоците за следната сезона и воедно прво во ерата на Жоан Лапорта, новиот претседател.

Во договорот на Агуеро е ставена клаузула од 100 милиони евра како гаранција дека клубот нема предвреме да ја пушти легендата на Манчестер сити.

Со овој ангажман речиси сигурно е останувањето на Лионел Меси во Барселона бидејќи доведувањето на Агуеро беше еден од условите за Меси да остане, но и обратно, кога станува збор за одлуката на ексиграчот на Сити и Атлетико да дојде на „Камп ноу“.

Следни потписи деновиве се очекуваат на Ерик Гарсија, кој доаѓа без отштета исто така од Манчестер сити, како и Џини Вајналдум од Ливерпул.

https://twitter.com/FCBarcelona/status/1399367160183640064

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести