Јувентус дефинитивно ќе ангажира нов тренер за следната сезона. На денешниот состанок, тренерот Масимилијано Алегри и раководството на најтрофејниот италијански клуб се договориле за завршување на соработката. На утрешната прес-конференција, последна за Алегри како тренер на Јуве, ќе се појави и претседателот Андреа Ањели.
Алегри кој има 51 година, како тренер на „старата дама“ освои пет титули по ред во Серија А, но целта беше европската титула, а таа не дојде и покрј двете финалиња. Средбата со Аталанта викендов ќе биде последна за Алегри како тренер на Јуве.