Американскиот репрезентативец, Кристијан Пулишиќ, и официјално е нов фудбалер на Милан, задолжувајќи го дресот со број 11.
Пулишиќ на „Сан Сиро“ доаѓа од Челси кој доби 20 милиони евра отштета, а фудбалерот потпиша четиригодишен договор.
https://twitter.com/acmilan/status/1679538864803700880?s=20
Европската кариера, Пулишиќ ја започна во Борусија Дортмунд, по што се пресели во Челси со кого пред две години триумфира во Лигата на шампионите. Новиот тренер на Сините, Маурисио Покетино, му порача дека е слободен да ги побара нов тим, прв реагираше Милан и Пулишиќ во наредните четири години ќе го носи Црвен-црниот дрес на италијанскиот тим.
Пулишиќ е второ засилување за Милан кое доаѓа од Сините, пред него, Црвено-црниот дрес го задолжи и Рубен Лофтус Чик.