Официјално: Арсенал го ангажира и второто засилување во овој преоден рок (Видео+Фото)

Јуриен Тимбер од Ајакс и официјално е второто летно засилување за Арсенал, откако претходно беше ангажиран Каи Хаверц од Челзи.

22-годишниот холанѓанец потпиша договор со Арсенал до 2028-мата година, а неговиот сега веќе поранешен клуб, Ајакс, ќе добие 40 милиони евра фиксно обесштетување, плус дополнителни пет милиони евра во бонуси.

- Оглас -

Најнови вести