Официјално: Асенсио како слободен фудбалер си заминува од Реал Мадрид

Марко Асенсио и официјално после седум сезони во дресот на “кралскиот“ клуб си заминува како слободен фудбалер и во иднина ќе има нов клуб. Ова го потврдија и од Реал Мадрид со соопштение во кое се вели дека договорот не е продолжен и фудбалерот си заминува од “Сантијаго Бернабе“.

– “Ние мадридистите никогаш нема да ја заборавиме неговата кариера и примерното однесување во текот на целиот овој период. Реал Мадрид е и секогаш ќе биде негов дом, а на него и на неговото семејство им посакуваме многу среќа во иднина.“ – се вели во дел од соопштението објавено на клупската страна.

Асенсио во Реал Мадрид дојде во 2014-тата година, но првите две сезони ги помина како позајмен во Мајорка и Еспањол, а од 2016-тата е во “кралскиот“ тим. Асенсио со Реал освои вкупно 17 трофеи.

Се очекува Асенсио својата кариера да ја продолжи во ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести