Официјално: Барселона се ослободи од Ансу Фати (Фото)

Еден од приоритетите на раководството на Барселона за ова лето беше да се ослободи од Ансу Фати. Иако не успеаја да го продадат, сепак 22-годишниот фудбалер следната сезона ќе ја мине како позајмен во Монако.

Тоа ќе значи големо олеснување за клупскиот буџет, но и конечно ослободување на „десетката“, која треба да ја добие Ламине Јамал.

Монако ќе може и да го откупи шпанскиот интернационалец на крајот од сезона, секако доколку ги оправда очекувањата и тоа за фиксна сума од 11 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести