На последниот ден од мандатот на Жоан Лапорта како претседател на Барселона, пред да се одржат изборите во каталонскиот гигант и да се донесе одлука дали ќе има промена на челната позиција или не, тој ја донесе и една од последните одлуки во овој мандат.
Лапорта и официјално ја информирал компанијата која стоеше како организатор на европската Супер лига, дека клубот се повлекува од нејзиното формирање.
Тоа би значело дека Реал Мадрид сега остана сам на страната за формирање на Супер лига, во која требаше да играат најмалку 12 екипи. Освен шпанските гиганти, како оснивачи беа најавени и Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челзи, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Тотенхем.

