12.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Официјално: Барселона в сабота се враќа на „Камп ноу“

Барселона официјално го објави своето долгоочекувано враќање на иконскиот стадион „Камп ноу“, кој е нивен вистински дом.

По неколку одложувања, контроверзии и непријатности што ги претрпе каталонскиот клуб за реконструкцијата на стадионот, конечно се враќат дома, и тоа в сабота, на натпреварот од 13-тото коло од Ла Лига против Атлетик Билбао, закажан за 16.15 часот.

Клубот има лиценца за отворање што им овозможува пристап на 45.401 навивачи. Стадионот ќе има над 105.000 седишта, но засега не е можно Барса да смета на поддршка од полн капацитет, туку делумна. 

Повеќе од две години Барса како домаќин играше на Олимпискиот стадион „Монжуик“. Сега Барселона се обидува да добие дозвола и од УЕФА за мечот со Ајнтрахт од Лигата на шампионите на 9 декември да се игра на „Камп ноу“. 

- Оглас -

Најнови вести