Официјално: Блискиот другар на Стефан Ристовски е нов капитен на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед официјално објави дека нов капитен на нивниот тим е Португалецот Бруно Фернандеш.

Бруно и во минатата сезона често ја носеше капитенската лента, бидејќи досегашниот капитен Хари Мегваер на многу мечеви беше резерва, а сега менаџерот Ерик Тен Хаг потврди дека Фернандеш ќе биде во улога на прв капитен.

Новиот капитен кој е близок пријател на македонскиот капитен Стефан Ристовски со кого беа соиграчи во Спортинг Лисабон, во Јунајтед дојде во 2020 година, и на 185 меча за клубот има придонес од 64 голови и 54 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести