Официјално: Бобан Николов потпиша за Борац од Бања Лука (Фото)

Репрезентативецот на Македонија, Бобан Николов, и официјално е нов фудбалер на гордоста на Република Српска и шампион на Босна и Херцеговина, Борац од Бања Лука.

Тоа значи дека Бобан Николов, заедно со Дамјан Шишковски, ќе игра во групната фаза од Конференциската лига, но ќе има можност и со добри игри повторно да се наметне за повик во репрезентација.

Бобан Николов за репрезентацијата на Македонија има одиграно 48 натпревари, на кои има постигнато четири гола, а беше дел и од селекцијата која настапи на Европското првенство.

Триесетгодишниот штипјанец во својата богата кариера настапуваше за младинците на Брегалница, Академија Хаџи, Виторул, Вардар, Видеотон, Лече, Шериф, Стеауа и Кишварда.

- Оглас -

Најнови вести