Официјално: Бојан Миовски потпиша за еден од најголемите шкотски клубови!

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски е нов член на шкотскиот Абердин.

Миовски потпиша четиригодишен договор со клубот кој е четирикратен првак на Шкотска, 17 пати бил втор, а во 1983 година освои и два европски трофеи, од Купот на победниците на куповите (во финалето, предводени од тренерот Алекс Фергусон, го победија Реал Мадрид) и Суперкупот (победа над европскиот првак Хамбургер).

Досега Миовски играше за унгарскиот тим МТК од Будимпешта. Минатата сезона, на 29 меча, Бојан во унгарската лига даде 9 гола. Утре Миовски полни 23 години и потписот за Абердин му е убав подарок.

- Оглас -

Најнови вести