Јужноамериканското супер дерби помеѓу Бразил и Аргентина кое беше прекинато во 6-та минута, нема да се игра, одлучи главниот судија, по консултации со одговорните лица во ФИФА. Сега случајот преминува во рацете на Светската фудбалска федерција, која треба да одлучи то понатаму и какви ќе бидат санкциите за тоа што се случи вечерва во Сао Пауло.
Четворица аргентински репрезентативци: Кристијан Ромеро, Џовани Ло Селсо, Емилијано Мартинес и резервата Емилијано Буендиа, не смееле да влезат во Бразил поради тоа што во претходните 14 дена биле во Велика Британија. Но, тие цели три дена престојуваа во Бразил и никој не ги испратил во карантин, дури на самиот меч влегоа полицајци и медицински лица за да ги депортираат од Бразил. Сите аргентински фудбалери се повлекоа во соблекувална, па мечот не се доигра.
Така, наместо празник на фудбалот, се случи огромен скандал, а последици ќе има и за Бразилците и за Аргентинците.