Официјално: Бруно Фернандеш е нов член на Манчестер јунајтед!

Манчестер јунајтед објави дека со Спортинг Лисабон се договориле за трансфер на Бруно Фернандеш. Капитенот на Спортинг, кој игра во средниот ред, треба да биде големо засилување за Црвените ѓаволи. Договорот ќе биде потпишан откако Бруно ќе ги мине лекарските прегледи.

Шпекулациите се дека Манчестер за 25-годишниот Бруно ќе плати отштета од 55 милиони евра, а со додатоци и бонуси, сумата може да дојде и до 80 милиони.

Спортинг со специјално видео се прости од својот најдобар играч.

https://twitter.com/i/status/1222555991222427652

- Оглас -

Најнови вести