Официјално: Челзи има нов напаѓач за кого платија 60 милиони евра (Видео)

Жоао Педро и официјално е нов напаѓач на Челзи, а „сините“ за неговиот трансфер платија нешто над 60 милиони евра на Брајтон. Бразилецот веднаш ќе биде регистриран за Челзи и ќе може да настапи и на четвртфиналниот меч од Светското клупско првенство против Палмеирас.

Договорот на Жоао Педро е со важност до 2033 година.

Освен за Брајтон, Жоао Педро има настапувано и за Флуминензе и Вотфорд, а за репрезентацијата на Бразил има три настапи.

- Оглас -

Најнови вести