Официјално: Дани Олмо следните шест години ќе игра во дресот на Барселона

Дани Олмо и официјално е нов фудбалер на Барселона откако клубот попладнево се пофали на социјалните мрежи. Олмо по 10 години се враќа во Каталонија откако како младинец на Барселона се пресели во Динамо Загреб, од каде што пак направи трансфер во Лајпциг.

Каталонците на екипата од Бундеслигата ќе ѝ исплатат 55 милиони евра фиксно, но и дополнителни седум милиони евра во бонуси. Дел од овие пари, односно 20% од заработката, или 5,2 милиони евра, ќе му припаднат на Динамо Загреб, кој во Лајпциг го продаде за 29 милиони евра.

Барселона и Дани Олмо потпишаа договор со важност до 2030-тата година.

- Оглас -

Најнови вести