Реал Мадрид и Арсенал ја комплетираа позајмицата на фудбалерот од средниот ред Даниел Себалјос. Младиот шпански плејмејкер во претстојната сезона ќе го носи дресот на Арсенал, а потоа во летото 2020 се враќа во Реал. Мадридскиот клуб смета на Себалјос во иднина како наследник на Лука Модриќ, но не и во оваа сезона, па го ослободи да стекне искуство во Премиер лигата.
Себалјос во Арсенал ќе го носи дресот со бројот 8. Тој вели дека пресудна била желбата на тренерот Унаи Емери да го види во неговиот тим. Пред ЕП за играчи до 21 година, се зборуваше дека тој е блиску да премине во Тотенхем, но ќе игра за лутиот ривал на Тотенхем.
Дани во средниот ред ја засилува конкуренцијата во Арсенал и ќе игра покрај Џака, Гендузи и Тореира.