Официјално: Дејвид Бекам и Гери Невил станаа газди на англиски клуб

Легендите на Манчестер јунајтед, Дејвид Бекам и Гери Невил и официјално станаа дел од сопственичката структура на клубот Салфорд сити, кој моментално игра во англиската Лига Два (четврта по ранг во Англија).

Бекам и Невил црпеа инспирација од холивудскиот актер Рајан Рејнолдс, кој е сопственик на Рексам, и легендарната НФЛ ѕвезда Том Брејди, кој е голем акционер во Бирмингм сити.

Двајцата поранешни соиграчи од Манчестер јунајтед и Англија долго време беа дел од легендарната „Класа 92“, во која беа и Ники Бат, Рајан Гигс, Фил Невил и Пол Сколс, но тие се повлекоа од сопствеништвото, а Бекам и Невил ги поминаа последните месеци барајќи соодветни инвестициски партнери.

Во новата структура се вклучени и американскиот бизнисмен Деклан Кели, основач на консултантската компанија „Консело“, и лордот Мервин Дејвис, претседател на Британската тениска асоцијација. Вкупната инвестиција е околу 15-20 милиони долари (приближно 15 милиони фунти), при што секој инвеститор поседува помеѓу 5 и 10 проценти од акциите – вкупно 80 проценти. Останатите 20% се резервирани за идните партнери.

Иако нема да бидат вклучени во оперативното управување со клубот, Бекам и Невил се целосно посветени на проектот. Бекам е и косопственик на Интер Мајами, каде што моментално игра мегаѕвездата Лионел Меси.

„Пораснав во Салфорд, имам убаво спомени од времето кога живеев таму. Тоа е местото каде што ја купив првата куќа и живеевме заедно со Викторија. Ќе бидам вклучен во сите одлуки. Не го правиме тоа од забава или од сентименталност. Сакаме да победуваме. Моите соништа се големи, сакам да стигнеме до Премиер лигата. Но, знаеме дека е потребна многу работа и инвестиции. Нема да фрламе многу пари без план. Тоа не е начинот на којшто работиме“, рече Бекам.

- Оглас -

Најнови вести