Лионел Меси вечерва ќе го има своето деби во дресот на Пари Сен Жермен. Аргентинецот се најде на листата на парижаните за гостувањето кај Ремс и тренерот Маурисио Покетино ќе може да бира дали ќе го стави Лео како стартер или ќе го стави во второ полувреме.
На листата е ставен и Килијан Мбапе, и тоа е лоша вест за навивачите на Реал Мадрид кои чекаат Мбапе да прејде во мадридскиот тим. Останува да се види дали Меси, Нејмар и Мбаше ќе заиграат заедно во дресот на ПСЖ, барем еднаш.