Холандскиот интернационалец, Џошуа Циркзе, и официјално е нов фудбалер на Манчестер јунајтед. Премиерлигашот денес и официјално го презентираше на социјалните мрежи. Холанѓанецот потпиша договор на пет сезони, односно до 2029-тата година, а „црвените ѓаволи“ за него ќе ѝ платат на Болоња 42.5 милиони евра.
Сепак, клубот од Серија А, оваа сума ќе мора да ја подели со Баерн Минхен, бидејќи според клаузулата од договорот со кој го купија за само 8.5 милиони евра од „баварците“, половина од парите се за бундеслигашот.
Циркзе кариерата ја започна во Феенорд, пред да потпише за Баерн Минхен, од каде беше позајмуван во Парма и Андерлехт, а потоа прејде во редовите на Болоња каде буквално експлодираше и го привлече вниманието на европските гиганти кон себе.