Официјално: Дориан Бабунски потпиша за Грасхоперс (Видео+Фото)

Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски во иднина ќе настапува за швајцарскиот клуб Грасхоперс. Тој се одлучи унгарскиот Дебрецен да го замени со нов предизвик и да потпише за најтрофејниот клуб од Швајцарија, Грасхоперс, кој има дури 27 титули од првенството.

Новиот клуб на Бабунски минатата сезона ја заврши на седмата позиција, а на Дебрецен ќе му исплати 700.000 евра обесштетување.

Дориан Бабунски својата кариера ја започна во младинската категорија на Реал Мадрид, а во Шпанија играше и за Фуенлабрада. Потоа настапуваше за Олимпија Љубљана и Радомље во првенството на Словенија, пред да се пресели во јапонските Мачида и Кагошима. Следуваше враќање во Европа, и тоа во бугарскиот Ботев Враца, од каде се пресели во Дебрецен.

За фудбалската репрезентација на Македонија, Дориан Бабунски има одиграно шест натпревари.

https://twitter.com/GCZurich_EN/status/1696180483019718933?s=20

https://twitter.com/GCZurich_EN/status/1696190908319072559?s=20

- Оглас -

Најнови вести