Официјално: Летово двајца фудбалери бесплатно си заминуваат од Ливерпул

Двајца фудбалери на Ливерпул летово си заминуваат како слободни агенти откако од клубот соопштија дека нивните договори истекуваат и нема да бидат продолжени. Се работи за дефанзивецот Жоел Матип, како и фудбалерот од средниот ред, Тијаго Алкантара.

Двајцата во периодот додека беа во Ливерпул имаа проблеми со повредите и немаа голема минутажа. Камерунецот Матип на „Енфилд роуд“ пристигна во 2016 година од Шалке како слободен фудбалер, но за осум години одигра само 201 натпревар. Неговата моментална вредност е осум милиони евра.

Алкантара во 2020 направи трансфер од Баерн Минхен во Ливерпул вреден 22 милиони евра, но поради повреда, оваа сезона имаше само еден настап, додека во четиригодишниот престој во Ливерпул забележа само 98 настапи. Вредноста според „Трансфермаркет“ му е 10 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести