„Добре дојде во новиот дом Енис Барди“, му посакаа од Трабзонспор на македонскиот репрезентативец,откако тој и официјално стана член на актуелниот турски првак. Барди во Трабзонспор ќе го носи дресот со бројот 29 на грбот.
Договорот е на три години со можност за плус уште една, а Трабзон на Леванте ќе му плати 3 милиони евра, и тоа на три рати. Годишната плата на Барди ќе му биде 1,3 милиони евра.
Од Леванте, за којшто досега играше Барди, официјално го потврдија трансферот и на Енис му се заблагодарија за придонесот (162 настапи и 24 гола) и професионализмот, а му посакаа среќа во животот и во кариерата.
https://twitter.com/i/status/1558038152497053697