Официјално: фудбалскиот Мундијал во 2034 година во Саудиска Арабија!

Светската фудбалска федерација, ФИФА, на денешниот Конгрес официјално потврди дека Мундијалот во 2030 година ќе се игра во Шпанија, Мароко и Португалија, со по еден меч во Уругвај, Аргентина и Парагвај во чест на 100-годишнината од првото СП, а СП во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија, и тоа во јануари, што значи клупската сезона ќе биде прекината како пред две години, кога првенството се играше во Катар.

Саудиска Арабија беше единствен кандидат и во ФИФА немаа друг избор освен да потврдат дека оваа земја ќе биде домаќин на СП. Во Саудиска Арабија многу се вложува во фудбалот, клубовите привлекуваат големи ѕвезди и квалитетни играчи, што беше голем плус за Саудијците, кои не жалат пари за да дојдат до целта.

Светското првенство во Саудиска Арабија се очекува да се одржи на 15 стадиони во пет града низ земјата.

- Оглас -

Најнови вести