Дисинер (203 см) веќе е во Скопје каде ќе ги мине лекарските прегледи пред да и се приклучи на екипата. Тој ќе биде првиот првиот германски репрезентативец што играл за Вардар.
Германецот ќе донесе свежина во играта на Вардар. Тој е седма принова на македонскиот првак сезонава.
Пред неколку дена, тој го раскина договорот со Кил со кој го освои германскиот Куп, а исто така како член на репрезентацијата на Германија, во 2016 година стана европски сениорски првак. Со репрезентацијата го освои и бронзениот медал на Летните олимписки игри во 2016 година.
Во својата кариера има настапувано за екипите на ТСГ Фреизенхајм (2008-2011), Кадетен (2011-2013), Нептуно (2013), Либек (2015-2015) и од 2015 година за Кил. За Кил има одиграно 130 натпревари и постигна 235 гола.