Српскиот тенисер и 24-кратен победник на гренд слем турнири, Новак Ѓоковиќ, се откажа од настап на Мастерсот во Рим, официјално соопшти прес-службата на турнирот.
Откако 37-годишниот Србин загуби од Италијанецот Матео Арналди во второто коло на Мастерсот во Мадрид минатата сабота, реши да го прескокне римскиот Мастерс кој требаше да му биде генерална проба на земјена подлога пред гренслемот „Ролан Гарос“ кој почнува на 25-ти мај.
Ѓоковиќ е шесткратен победник на турнирот во Рим, а последната титула таму ја освои во 2022 година. Мастерсот во Рим ќе се одржи од 7-ми до 18-ти мај.