Официјално: Ѓоковиќ останува во Австралија до понеделник, судот ќе одлучи дали ќе игра во Мелбурн (Фото)

Новак Ѓоковиќ ќе остане во Австралија до понеделник и ќе го чека исходот на жалбата што неговиот адвокатски тим ја поднесе по одлуката на Владата да не му дозволи влез во земјата.

Судот во Викотрија ќе одлучува во понеделник дали најдобриот светски тенисер ќе игра во Мелбурн на Австралија опен, или ќе биде депортиран.

По голготата што ја мина во импровизираниот простор за имигранти на аеродромот во Мелбурн, каде дури му беше одземен и телефонот, на Ѓоковиќ му беше доволено да се смести во „Парк хотел“ во Мелбурн се до понеделник кога Федералниот суд ќе одлучи дали ќе добие виза за влез во земјата, или ќе мора да се врати дома.

Новак доби медицинска потврда од независна медицинска комисија дека има причина да не се вакцинира, а е поврзана со неговото здравје, но и тоа не беше доволно за властите во Австралија, кои му ја поништија визата за влез во земјата.

Ѓоковиќ е актуелен шампион на гренслемот во Австралија и апсолутен рекордер на Австралија опен со 9 титули.

Ако игра и по јубилеен десетти пат го освои турнирот ќе стане најтрофејниот тенисер на сите времиња со 21 гренслем титула, но за тоа клучна ќе биде одлуката на Федералниот суд на Австралија во понеделник.

- Оглас -

Најнови вести