Гоце Седлоски и официјално е нов тренер на Вардар откако раководството на Црвено-црните одлучија токму поранешниот капитен на репрезентацијата на Македонија да биде новиот, четврти предводник од клупата за клубот оваа сезона. Вардар претходно го водеа и Гораз Михаилов, Горан Петревски и Срѓан Захариевски, но клубот е на последното место во Првата лига иако финансиски е консолидиран.
За Седлоски ова е враќање на клупата на Вардар по седум години, со оглед на тоа дека со голем успех беше предводник на клубот во периодот од 2015 до 2017 година, а потоа ги тренираше и Рига, Широки брег, втората екипа на Динамо Загреб, Шкупи, Влазнија и Работнички.
АД ФК Вардар го назначи Гоце Седлоски за нов Шеф на стручниот штаб на клубот. pic.twitter.com/WOdEWxpuqU
— FCVardar (@VardarFC) November 5, 2024