Официјално: Гоце Седлоски веќе не е тренер на Шкупи!

„Ти благодариме Гоце“! Со овие зборови фудбалскиот клуб Шкупи ја почна објавата дека е прекината соработката со тренерот Гоце Седлоски.

Ова е вторпат сезонава да дојде до разделба на чаирчани со некогашниот македонски репрезентативец, кој има и солидна тренерска кариера.

„Ја прекинавме соработката со нашиот ценет тренер, кој по 20 години го направи нашиот тим шампион и му даде на нашиот клуб многу добри работи и успешни достигнувања. Заеднички решивме да се разделиме, на клубот му треба свежа крв. Веруваме дека нашите патишта повторно ќе се спојат во некое друго време. Му благодариме за сите убави моменти што ги направив за ФК Шкупи во овие две години. Овој клуб секогаш ќе ве памети со љубов и почит и секогаш ќе биде тука за вас“, порачаа од Шкупи.

- Оглас -

Најнови вести