Хари Мегваер и официјално е нов фудбалер на Манчестер јунајтед, потврди клубот. Англискиот репрезентативец стана најскапиот стопер на светот, откако Црвените ѓаволи исплатија на Лестер рекордни 80 милиони фунти (87 милиони евра). Мегваер утрово ги помина медицинските прегледи, а потоа потпиша шестгодишен договор кој може да се продолжи на уште една дополнителна сезона.
Трансфер сагата која траеше цело лето конечно го доби крајниот епилог, а Јунајтед ја доби трката со градскиот ривал Сити за потписот на Мегваер. Тој е третото летно засилување на тимот кој го води Оле Гунар Солсјкер, по Ван-Бисака и младиот Даниел Џејмс.
„Пресреќен сум што доаѓам во голем клуб каков што е Манчестер јунајтед. Минав прекрасен период бранејќи ги боите на Лестер, но имав желба да направам чекор напред во кариерата и сметам дека го одбрав вистинскиот клуб за тоа. Разговарав и со тренерот Солскјер и можам да кажам дека сум задоволен како напредува тимот и правецот во кој се движи. Со нетрпение чекам да се запознаам со новите соиграчи и да истрчам на „Олд трафорд““, истакна Мегваер.
https://twitter.com/ManUtd/status/1158340287028224001