Евролигата денеска и официјално ги објави имињата на 18-те екипи кои ќе бидат дел од новата сезона. Евролигата одлучи истите екипи кои играа минатата сезона, да играат и следната, а тоа значи дека последен тим кој беше потврден како учесник е е Црвена звезда откако плати 500.000 евра котизација, со што извиси Турк Телеком кој сакаше да го заземе местото на Гран Канарија која пак победи во Еврокупот.
The previous season was the most competitive one in league history…
𝗟𝗘𝗧'𝗦 𝗥𝗨𝗡 𝗜𝗧 𝗕𝗔𝗖𝗞 🔁
The confirmed teams for the 2023-24 EuroLeague season👀 pic.twitter.com/DJp34B7cDv
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) June 29, 2023
Во новата сезона во Евролигата ќе играат Реал Мадрид, Партизан, Црвена звезда, Олимпијакос, Барселона, Монако, Асвел, Макаби Тел Авив, Армани Милано, Жалгирис, Валенсија, Фенербахче, Анадолу Ефес, Басконија, Виртус Болоња, Баерн Минхен, Алба Берлин и Олимпијакос.
Евролигата направи промена во форматот на натпреварувања и воведе плејин турнир по принципот на НБА. Во плејин турнирот ќе учествуваат екипите кои регуларниот дел од сезоната ќе го завршат помеѓу седмото и десеттото место и во разигрувањето за титулата ќе одат најдобрите две екипи. Актуелен европски шампион е Реал Мадрид.