Официјално: Ибрахимовиќ уште една година во Милан!

Милан и Златан Ибрахимовиќ официјално ја продолжија соработката на уште една година. Новиот договор на Златан ќе му важи до јуни 2023 година, потврди италијанскиот првак.

Според договорот, Ибрахимовиќ ќе заработи од еден до 1,5 милиони евра, но сумата е поделена во бонуси според настапи и учинок.

Ибрахимовиќ ќе игра и во својата 41 година на највисоко ниво. Иако во мај претходно беше под нож поради сериозна повреда на коленото, се очекува Швеѓанецот да закрепне до крајот на годинава, па по Мундијалот во Катар да биде подготвен за вториот дел од сезоната.

Минатата сезона Златан запиша 23 настапи во Серија А и постигна осум погодоци, додека намести три.

- Оглас -

Најнови вести