Официјално: Игор Бишќан веќе не е тренер на Динамо Загреб

Стефан Ристовски ќе добие нов тренер во Динамо Загреб откако актуелниот хрватски првак реши да ја прекине соработката со Игор Бишќан.

Динамо беше елиминиран од АЕК во квалификациите за Лигата на шампионите, а во домашното првенство во моментов имаат осум бода помалку од лидерот Хајдук.

Бишќан беше тренер од 6 април. Во минатата сезона му донесе титула на Динамо во ХНЛ, новата сезона ја почна со освоен Суперкуп на Хрватска, а на 17 меча, колку што го водеше тимот, имаше 10 победи, пет ремија и два порази.

Динамо за три дена игра меч со Спарта Прага од баражот за влез во групите во Лигата на Европа. Се шпекулира дека фаворит за нов тренер е 46-годишниот Горан Томиќ, кој до пред некое време беше на клупата на Ал-Наср од Обединетите Арапски Емирати.

- Оглас -

Најнови вести