Фудбалскиот клуб Партизан соопшти дека Игор Дуљај е разрешен од функцијата прв тренер на тимот.
Во соопштението испратено до медиумите, Партизан наведе и дека тимот во остатокот од сезоната ќе го води неговиот досегашен помошник Алберт Наѓ.
„Фудбалскиот клуб Партизан ја информира јавноста дека на денешната седница Управниот одбор на клубот едногласно донесе одлука за разрешување на тренерот Игор Дуљај. По анализата на резултатите во изминатиот период и актуелната состојба и извештајот на спортскиот директор Ивица Краљ, сите членови на УО се согласија дека е неопходно да се преземат итни мерки за да се стабилизираат играта и резултатите. Тимот има клучни натпревари на крајот од натпреварувачката сезона, а бидејќи досегашните резултати не се согласно зацртаните цели, донесена е одлука за промена на тренерот. Тимот ќе го предводи Алберт Наѓ, поранешен член на стручниот штаб, како главен тренер до крајот на сезоната. ФК Партизан сака да ја искористи оваа прилика да му се заблагодари на тренерот Игор Дуљај за сè што направи за клубот и да му посака среќа и успех во понатамошната кариера“, објави клубот.