Официјално: Играше за Интер, син му е во Јуве, а стана нов тренер на Милан!

Милан експресно си најде нов тренер по разделбата со Пауло Фонсека, нов шеф на стручниот штаб на Росонерите е 50-годишниот Португалец Сержо Консеисао.

Последната работа на Консеиао беше како тренер Порто, од каде си замина летоска. Договорот со Милан му е до 30-ти јуни 2026 година.

По 18 кола сезонава во Серија А, Милан е на 8-мо место на табелата и Консеисао ќе има задача да го искачи тимот погоре, на местата кои водат во Лигата на шампионите.

Консеисао голем дел од играчката кариера ја мина во Италија, играше за Лацио, Парма и Интер, а има богато искуство, седум години го водеше Порто. Неговиот син Франсиско на кого му беше тренер во Порто, сега како позајмен настапува за Јувентус, па веќе на 3-ти јануари во Саудиска Арабија во Суперкупот на Италија ќе има дуел на татко и син.

- Оглас -

Најнови вести