Актуелниот македонски фудбалски првак Струга Трим Љум, го потврди ангажманот на Илчо Ѓорѓиоски како тренер на тимот. Некогашниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија на клупата на Струга седнува на местото на Ќатип Османи.
Ѓорѓиоски последниот тренерски ангажман го имаше во Грција во Каламата во 2023 година, а сега се враќа во македонскиот фудбал. Во Македонија беше тренер и на Вардар (освои титула во 2012 година), Брегалница и Македонија Ѓорче Петров, а беше и младински селектор.
Дебито како тренер на Струга ќе го има в недела против Силекс.