Стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо ќе биде местото каде што Италија и Македонија ќе го одиграат бараж натпреварот за Светското првенство.
Тоа можеби и е добра вест за Македонија, бидејќи Александар Трајковски и Илија Несторовски своите најблескави моменти во кариерите ги имаа на овој стадион во дресот на Палермо.
Па затоа, тие ќе се чувствуваат на домашен терен, а тоа би можело да биде од голема помош за нашата селекција.
Средбата ќе се игра на 24 март со почеток од 20:45 часот.