Хајдук Сплит со видео кое трае 3,36 минути, официјално се пофали дека потпишале договор со засилувањето кое го посакуваа со месеци, нивното „дете“ Иван Перишиќ, кој доаѓа од Тотенхем, на позајмица до крајот на сезонава, а потоа треба да потпише нов договор.
„Време е“, се викаше акцијата со која фановите го повикуваа Перишиќ да се врати, и да биде можеби клучен играч во обидот на Хајдук по подолго време да ја освои титулата во хрватското првенство.
Перишиќ после 17 години повторно ќе го облече белиот дрес, но тој никогаш нема играно за сениорскиот тим на Хајдук, туку само во младинските категории. Дебито се очекува да го има пролетва, откако ќе закрепне целосно од операцијата на скинатите лигаменти во коленото.
Во Хајдук, Перишиќ ќе нои дрес со бројот 4.