27.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Официјално: Јамал е новата „десетка“ на Барселона (Фото+Видео)

Ламине Јамал и официјално влезе во друштвото на великаните на Барселона кои низ историјата го носеле дресот со број 10. Младиот Шпанец ќе биде наследникот на Лионел Меси, Роналдињо, Ромарио, Марадона, Ривалдо и уште многу големи фудбалски ѕвезди кои биле број 10 во составот на Каталонците.

Од Барселона предавањето на „10-ката“ на Ламине Јамал ја најавија со графит, а дури потоа фудбалерот се фотографираше со претседателот на клубот, Жоан Лапорта, со „десетката“ на дресот.

Каталонците се пофалија дека Јамал и официјално го продолжил договорот со клубот и на „Камп ноу“ ќе остане најмалку уште шест години, односно до 2031 година.

- Оглас -

Најнови вести