Официјално: Јамал го продолжи договорот со Барселона до 2031 година! (Фото+Видео)

Барселона и официјално се пофали на социјалните мрежи дека договорот на Ламине Јамал е продолжен до 2031 година. Иако сè уште нема наполнето 18 години, Јамал веќе има над 100 натпревари за првата екипа на Каталонците со ефект од 25 гола и 34 асистенции, а беше прогласен и за најдобар млад фудбалер во светот.

Според новиот договор, Јамал ќе има откупна клаузула од една милијарда евра, а ќе заработува и по 20 милиони евра годишно, што е многу повеќе од 1,6 милиони евра кои ги имаше досега. Дополнително, младиот фудбалер ќе добива и по 10 милиони евра годишно за верност доколку го продолжува договорот.

Со ова Јамал стана третиот најплатен фудбалер во Барселона, а повеќе од него заработуваат само Роберт Левандовски и Френки де Јонг, кои имаат плата од 25, односно 23 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести