30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Официјално: Јован Манев потпиша за српскиот суперлигаш Нови Пазар (Видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Јован Манев, има нов предизвик во својата кариера и во иднина ќе го носи дресот на српскиот суперлигаш Нови Пазар. 24-годишниот дефанзивец се одлучи да ја замени Хрватска со Србија, а претходно во својата кариера настапуваше и за Ријека и Адана Демирспор, додека во нашата земја настапуваше за Осогово и штипска Брегалница.

Јован Манев за репрезентацијата на Македонија има 11 настапи и еден гол.

- Оглас -

Најнови вести