Официјално: Јувентус – Наполи нема да се одложи

Раководството на Серија А преку соопштение потврди дека дербито Јувентус – Наполи нема да се одложи и останува според распоредот да се одигра вечерва со старт во 20:45 часот.

„Серија А нема да го одложи натпреварот меѓу Јувентус и Наполи по барањето на Наполитанците поради активни случаи на ковид-19 во нивните редови. Протоколот е јасен, доколку заразените членови се изолирани и се испочитувани сите мерки, натпреварот нема потреба да се одложи и овој третман важи за сите екипи кои се дел од италијанското првенство. Доколку Наполи има 13 играчи плус еден голман достапни за натпреварот, натпреварот останува да се одржи спроед распоредот“, се вели во соопштението.

Наполи во меѓувреме доби забрана да патува од локалните власти, а останува да се види дали ќе се смени таа одлука, и воедно дали тимот на Гатузо ќе тргне кон градот на италијанскиот првак и навреме ќе стигне да се појави на теренот на „Алијанц“ стадионот. Во спротивно, Наполитанците ќе загубат со службени 3-0.

 

- Оглас -

Најнови вести