Францускиот дефанзивец Пјер Калулу од Милан се сели во Јувентус, и тоа како позајмен играч до јуни 2025 година за 3,3 милиони евра, со опција да биде откупен за дополнителни 14 милиони евра.
Калулу, кој има 24 години, во Милан дојде од Лион во летото 2020 година. Може да игра како централен дефанзивец или десен бек. Минатата сезона играше малку, се мачеше со повреди.
Интересно е дека на 112 настапи за Росонерите, Калулу имаше по три гола и асистенции, а само 12 жолти и ниту еден црвен картон.
Во Јувентус, Калулу ќе го носи дресот со бројот 15.