Хари Кејн и официјално е нов фудбалер на Баерн Минхен и во следните четири сезони ќе го носи дресот на “баварците“. Трансферот вреден над 100 милиони евра конечно се реализира со што е срушен рекордот за најскап фудбалер кој го купил Баерн и воопшто најскапиот во Бундес лигата.
Според информациите, Баерн Минхен на Тотенхем ќе му исплати фиксни 100 милиони евра и плус 10 милиони евра во бонуси, а платата на Хари Кејн ќе изнесува 25 милиони евра по сезона.
https://twitter.com/FCBayernEN/status/1690272073019535360?s=20
Хари Кејн во Баерн доаѓа како најдобар стрелец во историјата на Тотенхем и на англиската репрезентација, а ќе го носи дресот со број 9.
https://twitter.com/FCBayernEN/status/1690277250992672768?s=20