Официјално: Кирил Лазаров потпиша нов договор со Нант

Кирил Лазаров, капитенот на македонската репрезентација, го продолжи договорот со европскиот вицепрвак Нант до 2021 година. Постоечкиот договор му истекуваше по крајот на оваа сезона, па клубот реши да ја продолжи соработката со искусниот десен бек.

Лазаров ја игра втората сезона во дресот на Нант, каде што одлично се вклопи во системот на Тиери Анти. Триесет и осумгодишниот репрезентативец е задоволен што продолжува да игра на високо ниво, посебно му е драго што клубот и натаму има доверба во неговите квалитети.

„Среќен сум што ќе останам во Нант и во следните две години. Дојдов тука бидејќи знаев дека овој клуб игра со карактер. Не ми беше лесно на почетокот, дојдов со големи амбиции, но не го владеев францускиот јазик. Работите постепено се подобрија. Сега се чувстувам добро во Нант, ги сакам клубот и навивачите. Убаво е чувството да се игра пред полна сала. Клубот расте од сезона во сезона, сигурен сум дека ќе бидеме уште подобри во иднина. Јас сум лојален човек и сакам да се оддолжам за укажаната доверба во мене“, истакна Лазаров.

Нант со видеозапис преку социјалните мрежи го соопшти обновувањето на соработката со нашиот „бомбардер“.

https://twitter.com/HBCNantes/status/1064573732646281216

- Оглас -

Најнови вести