19.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Официјално: Компани го продолжи договорот со Баерн до 2029 година

Баерн Минхен го продолжи договорот на тренерот Венсан Компани до летото 2029 година, соопшти клубот.

Тренерот има 49 победи и само 9 порази на своите 67 досегашни натпревари на чело на Баварците. Тој го предводеше тимот до титула во Бундеслигата оваа пролет, а Баерн сезонава доби 11 последователни натпревари во сите натпреварувања.

„Поласкан сум и би сакал да им се заблагодарам на раководството на клубот за довербата и условите што ми ги понудија од првиот ден. Се чувствувам како да сум тука многу подолго. Започнавме прекрасно патување и ајде да продолжиме да работиме напорно и да славиме уште многу успеси!“, рече Компани по обновата на договорот.

Претходниот договор на 39-годишниот белгиски стручњак истекуваше во јуни 2027 година. Тој пристигна во Минхен летото 2024 година од англискиот клуб Барнли, а пред тоа го водеше Андерлехт.

- Оглас -

Најнови вести