26.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Официјално: Кристијан Ериксен потпиша за Волфсбург

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер јунајтед, Данецот Кристијан Ериксен, му се приклучи на германскиот тим Волфсбург.

Овој искусен 33-годишен Данец потпиша договор со „Волците“ до летото 2027 година и ќе игра со дрес со бројот 24.

Ериксен го напушти Јунајтед како слободен играч ова лето, откако постигна пет гола и имаше шест асистенции во 35 настапи за „Црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања минатата сезона. Претходно играше и за Интер, Брентфорд, Тотенхем и Ајакс.

Во 2021 на ЕП имаше срцев удар, но Ериксен го надмина тоа и се врати на терените. Сега ќе дебитира во германската лига, а во Волфсбург има неколку дански фудбалери кои треба да му помогнат побрзо да се вклопи.

- Оглас -

Најнови вести