Приказната продолжува. Ваков наслов стави Ал-Наср на видеото кое го објави на социјалните мрежи со кое се потврди она што се зборуваше долго време, дека ќе ја продолжат соработката со најпопуларниот спортист на светот, Кристијано Роналдо.
Откако го купија и стана нивен главен фудбалски амбасадор и човек кој ја отвори вратата на саудиската лига за многу ѕвезди, немаше шанса да го испуштат, присуството на Роналдо во Саудиска Арабија е државно прашање за пребогатите шеици. Договорот е до 2027 година.
Португалецот беше разочаран што не освои ништо, не безбедија ни пласман во азиската Лига на шампиони за следната сезона и во една објава најави дека поглавјето во Ал-Наср му е завршено, но го премислија.
Сега тој порачува: „Ал-Наср засекогаш!“
The Story continues.. 🐐 💛
pic.twitter.com/XV8WoOREeB— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) June 26, 2025