31.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Официјално: Кристијано Роналдо се врати во Манчестер јунајтед

Најавите за сензационален пресврт и трансфер се остварија, Кристијано Роналдо после 12 години се врати во Манчестер јунајтед, клубот во кој од дете стана маж и се претвори во голема ѕвезда на светскиот фудбал.

Роналдо во периодот од 2003 до 2009 година, даде 118 гола за Црвените ѓаволи, и заедно со Џејдон Санчо и Рафаел Варан, треба да бидат трите големи засилувања за тимот во трката по титулата во Премиерлигата. Роналдо е во Лисабон каде ги мина лекарските тестови, а второто деби за својот некогашен клуб може да го има на 11-ти септември против Њукасл.

- Оглас -

Најнови вести