Барселона го комплетира и трансферот на Жил Кунде од Севилја. За стоперот се исплатени 50 милиони евра, додека клубот од Андалузија во одредени бонуси ќе добие уште 10 милиони евра.
Францускиот репрезентативец веќе е во Барселона за закажаните медицински прегледи, по што ќе го стави својот потпис на петгодишниот договор.
👋 @jkeey4 pic.twitter.com/6wuQbDzppo
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 28, 2022
Кунде е петто летно засилување на каталонскиот гигант, а наводно одлучи да дојде во Барселона наместо во Челзи бидејќи добил гаранции од тренерот Чави дека ќе биде стартер на „Камп ноу“.