Официјално: Купер Флег избран за прв пик на НБА драфтот

18-годишниот универзалец Купер Флег е избран за прв пик на НБА драфот, кој се одржа рано утрово по македонско време. Ждрепката сакаше први да бираат од Далас маверикс, па од претходно беше најавено дека токму Флег ќе биде нивниот избор.

Флег беше проглласен за најдобар кошаркар во НЦАА лигата со просек од 19,4 поени, 7,5 скокови и 4,2 асистенции по натпревар. Кошаркарот кој е висок 206 сантиметри одигра 37 меча во универзитетската лига.

Годинешниов драфт до САД предизвика низа скандали, кои беа проследени со обвинувања за местење на ждрепката, бидејќи Далас имаше само 1,8% шанси да избира прв. Флег уште пред да го потпише првиот НБА договор, заработи вистинско богатство, а новинарот Хауард Брајант открива дека заработил 28 милиони долари од спонзорски договори.

- Оглас -

Најнови вести